Интер покажува сериозен интерес за дефанзивецот на Манчестер Сити, Нејтан Аке, пренесуваат италијанските медиуми.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Интер на крајот на сезоната сигурно ќе се раздели со Скринирар, а неизвесна е иднината и на Де Врај, па сака да доведе најмалку еден дефанзивец.
Холанѓанецот минатото лето беше блиску до трансфер во Челзи, но сепак остана во Сити, каде добива солидна минутажа оваа сезона.
Аке има договор со „граѓаните“ до 2025 година, но е спремен да ја промени средината, а Интер е спрмен да понуди 30 милиони евра за неговиот потпис.