Самир Хандановиќ цели шест години е прв избор меѓу стативите на Интер, но миланскиот гигант веќе почна да бара замена за Словенецот.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
34-годишниот голман има договор со Интер до 2021 година, а минимални се шансите дека може да го продолжи договорот. Поради тоа „нероаѕурите“ веќе почна да бараат негова замена.
Италијанските медиуми открија три имиња кои се на радарот на миланскиот гигант, станува збор за Алесио Крањо, Албан Лафонт и Силесен.
Крањо има 24 години и во моментов ги брани боите на Каљаери, па веќе го докажа својот потенцијал. Од друга страна Лафонт има само 19 години, ова лето пристигна во Фиорентина и важи за еден од најталентираните голмани во Европа.
Силесен пак е втор голман во Барселона и не добива голема минутажа, па е спремен да ја промени средината, а Интер би бил идеална опција за него.
https://youtu.be/f5MmrFIyim4