Иако прво се најавуваше дека постигнал договор и дека се сели во Кина, Андрес Иниеста изгледа дека ќе ја продолжи кариерта во Јапонија.
Како што пишува денешното издание на каталонскиот „Спорт“, Иниеста ќе потпише договор со јапонскиот клуб Висел Кобе.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Медиумот кој важи за добро упатен со случувањата во Барселона ја открива и точната дата кога Шпанецот ќе стави потпис со новиот клуб – 21 мај!
Во овој момент не се открива причината поради која Иниеста се одлучил да ја промени одлуката и да ја избере Јапонија пред Кина.
Како и да е едно е сигурно, Иниеста во недела го игра последниот натпревар за Барселона за која одигра 437 натпревари и постигна 35 погодоци, а навивачите подготвија спектакл за неговиот последен натпревар.
Како ќе изгледа „Ноу Камп“ во недела можете да погледнете ТУКА.