Иднината на Андрес Иниеста во Барселона е сосема неизвесна, бидејќи шпанскиот ветеран се уште не е сигурен за своето останување на „Камп Ноу“.
Овој 33-годишен играч започна само 13 натпревари оваа сезона во која Барселона ја предаде круната на Реал Мадрид, а еве што освојувачот на 29 трофеи со Барселона изјави за „Onda Cero“.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Никогаш не реков дека нема да го продолжам договорот, само морам да проценам многу работи и не се работи за парите. Неколку фактори се собраа, приватни и крајот на сезоната, и не беше лесно. Морам да донесам добра одлука“, изјави Иниеста.
Ернесто Валверде ќе го наследи Енрике на клупата на Барселона, а Иниеста смета дека поранешниот менаџер на Атлетик Билбао има квалитет за Барса.
„Не знаев за него додека не беше официјално објавено. Разговарав со него неколку пати, но не многу. Верувам дека ја цени тимската работа и се надевам дека ќе има многу среќа и дека заедно ќе правиме многу работи. Знае многу за клубовите во кои до сега работеше и ова за него е голем чекор“, додаде Иниеста.