Дома Останати Тенис Индиски новинар за Ѓоковиќ: Го мразам како да е фашист!

Индиски новинар за Ѓоковиќ: Го мразам како да е фашист!

Новак Ѓоковиќ минатата недела ја освои шестата титула на Вимблдон и сега има вкупно 20 грен слем титули со што се изедначи со Федерер и Надал.

Се уште ќе траат анализите на на натпреварите на Вимблдон и расправите за тоа кој е најголем тенисер на сите времиња, но еден текст предизвика посебни контроверзии.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Инидскиот новинар Шајм Камал со својот став за Ѓоковиќ предизвика бурни реакции.

„Малку е да се каже дека не сум фан на Ѓоковиќ. Постои еден подобар начин да го искажам моето чувство. Ако морам да бирам еден играч да игра тенис за мојот живот тоа не би бил Ѓоковиќ, иако знам дека тоа ќе ми биде најдобрата шанса да останам жив. Морам да признаам дека Ѓоковиќ веројатно е најдобриот тенисер на сите врмиња, но го мразам како да е фашист. Зошто? Затоа што неговата мајка Дијана во 2008 година изјави: „Кралот е мртов, да живее новиот крал“. Тоа го изјави после победата на Ѓоковиќ против Федерер во Австралија 2008 година. 13 години подоцна кога го видов неговото име испишано на листата победници на Вимблдон се сетив колку го мразам. Без оглед на тоа, тој е ипонатаму тука, ги стигна Федерер и Надал и се е на негова страна. Ќе биде се подобар и подобар“, пишува новинарот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Изјава која не ветува: Дали Надал уште еднаш ќе ги разочара фановите?

Веројатно најдобриот тенисер на сите времиња кога е во прашање играњето на земјена подлога…