Дома Фудбал Англија Има само еден настап, а денес го продолжи договорот со Манчестер Јунајтед

Има само еден настап, а денес го продолжи договорот со Манчестер Јунајтед

Манчестер Јунајтед денес соопшти дека постигнале договор за продолжување на соработката со искусниот голман, Ли Грант.

37 годишниот голман со тоа ќе остане во клубот и следната сезона и ќе ја има улогата на трет голман на „Олд Трафорд“.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Паралелно, Грант ги одработува потребните лиценци за тренер, а од клубот веќе му дозволиле да тренира дел од младинските категории со цел да се здобие со потребното искуство за да ја понесе „А “ тренерската лиценца.

Интересно, Грант има само два настапи за Манчестер Јунајтед, од кои само еден старт и тоа оваа сезона против тимот на Астана во Лига Европа.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Победи за фаворитите во денешните натпревари во Лигата на шампионите

Вториот ден од програмата на Лигата на шампионите понуди неколку извонредно интересни натп…