Дома Најава Има ли Аргентина се уште пулс, или ќе биде ставена на апарат за дишење!

Има ли Аргентина се уште пулс, или ќе биде ставена на апарат за дишење!

Денес на програмата имаме три натпревари на Светското првенство, а сите очи ќе бидат вперени во дуелот Хрватска – Аргентина од групата Д.

Финалистот од претходниот Мундијал, Аргентина излегува денес во 20 часот во Нижни Новгород против Хрватска во за нив решавачкиот дуел за продолжување на мундијалскиот живот.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Лео Меси и компанија иако важат за едни од фаворитите на Мундијалот стартуваа со реми против Исланд, додека „коцкестите“ во овој меч влегуваат спокојни со три бода во џеб освоени против Нигерија.

Аргентина е навикната на притисок

„Гаучосите“ се навикнати да играат под притисок и го даваат најдоброто од себе токму кога се доведени до работ. Тие учеството во Русија го осигураа во последниот круг од квалификациите, откако Меси со хет-трик донесе победа над Еквадор.

Селекторот на Аргентина, Хорхе Сампаоли планира големи промени за овој меч. Имено тој ќе ја промени формацијата од 4-2-3-1 со која играше против Исланд, во 3-4-3 со што на крилната позиција ќе игра дебитантот од Бока Јуниорс, Кристан Павон. Со оваа формација „гаучосите“ ќе се обидат да ги лимитираат опасните крила на Хрватска, но и да имаат офанзивни бекови кои ќе му даваат поддршка на нападот.

„Коцкестите“ се мирни, но и силни

Хрватска мирна влегува во овој дуел после стартните три бода, па хрватскиот селектор Делиќ не планира промени во составот, кој функционираше одлично во првиот меч. Хрватите се свесни за својот квалитет, но и за слабите страни на противникот, па ќе се обидат да ги искористат. Најголем квалитет на оваа репрезентација е секако средниот ред, па доколку ја добијат битката на средината од теренот ќе имаат голема шанса за позитивен резултат.

Балансот на овие две селекции е две победи на Аргентина, една на Хрватска и еднаш имаат одиграно реми. На Мундијалот во Франција двете репрезентации беа во иста групи и двете продолжија во елиминациите.

Веројатни состави

Аргентина: Кабаљеро, Меркадо, Отаменди, Таљафико – Салвио, Маскерано, Меса, Акуња – Меси, Агуеро, Павон

Хрватска: Субашиќ – Врсаљко, Ловрен, Вида, Стриниќ – Ракитиќ, Модриќ- Крамариќ, Ребиќ, Перишиќ – Манџукиќ.

Обложувалницата Coinbet24 има одлична специјална понуда за Мундијалот. Можете да се обложувате „без ризик“ и да ви биде вратен влогот доколку не погодите. Притоа, секој ден има „екстра тикет“ со 20% повисоки коефициенти…уверете се ТУКА!

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Најава

Проверете

„Бомба“: Леао за 120 милиони во Премиер лигата

Манчестер Сити е сериозно заинтересиран за ѕвездата на Милан, Рафаел Леао, пренесуваа…