Дома Фудбал Има и добри вести за Зидан – Се враќа човекот кој беше отсутен подолго време!

Има и добри вести за Зидан – Се враќа човекот кој беше отсутен подолго време!

Како што пренесува шпанската „Марка“ еден од играчите кој е долго време надвор од тимот, наскоро би требало да се врати на терените.

Герет Бејл последен пат во тимот на Реал беше кон крајот на септември кога „кралевите“ гостуваа кај тимот на Депортиво Алавес.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Сепак, тој натпревар Бејл го преседе на клупата за резерви, за потоа да се повреди играјќи за репрезентацијата на Велс, а потоа на 10 ноември забележа нова повреда, овој пат на еден од тренинзите.

Сега после повеќе од два месеци би можел да се врати на теренот, останува да се види само дали ќе заигра за викендот против Малага во рамките од 13 коло против Малага или во вторник во натпреварот од шпанскиот куп против Фуенлабраде.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Барселона прифати понуда да го продаде за 15 милиони, но тој не сака да „слушне“ за трансфер

Барселона пред неколку дена доби понуда што ја прифати за еден од своите првотимци, но тој…