Дома Фудбал Останато Имаме и доказ дека Ибра е како виното: Колку е постар, толку е подобар!

Имаме и доказ дека Ибра е како виното: Колку е постар, толку е подобар!

Шведскиот напаѓач Златан Ибрахимовиќ оваа сезона игра одлично во дресот на ЛА Галакси.

Ибрахимовиќ во досегашниот дел од сезоната постигна дури 27 голови и запиша уште пет асистенции. Пред него само Карлос Вела кој постигна два гола повеќе.

Златан за десетина ќе го прослави својот 38-ми роденден, но како годините изминуваат така Ибра само станува подобар.

Имено, неверојатна е статистиката која покажува дека Златан игра многу подобро откако наполни 30 години, отколку претходно. До 30-тиот роденден Ибрахимовиќ постигна 232 гола, а откако влезе во четвртата деценија од животот до денес постигна дури 300 голови.

Ибрахимовиќ покажа дека годините за него се само бројка и дека еден фудбалер може да игра добро и во поодминати фудбалски години ако добро се чуствува. Ние се надеваме дека ќе остане колку што е можно подолго и ќе продолжи да не воодушевува со неговите голови и мајстории.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Глен Џонсон го фали Алекс Скот како потенцијално засилување за Челзи

Поранешниот десен бек на Челзи, Глен Џонсон, го пофали младиот играч на Борнмут, Алекс Ско…