Дома Фудбал Репрезентации Изјава која предизвика бурни реакции: СП во Катар беше наместено за Меси да стане светски шампион

Изјава која предизвика бурни реакции: СП во Катар беше наместено за Меси да стане светски шампион

Искусниот стратег, Луис Ван Гал предизвика бурни реакции во јавноста откако изјави дека Светското првенство во Катар имало само една цел – Меси да стане светски шампион.

На Мундијалот во Катар, Ван Гал ја водеше Холандија и беше елиминиран токму од Аргентина во еден драматичен натпревар и полн со тензии. Во последните секунди Холанѓаните постигнаа гол, но подоцна беа елиминирани на пенали.

„Без вино, животот би бил…“ – искрен разговор со енологот Теодор Бојаџиев


„Не сакам многу да зборувам на таа тема, но погледнете како Аргентина постигнуваше голови, а како ние се мачевме…Во многу ситуации Аргентинците ги прекршуваа правилата и не беа санкционирани. Од сегашна преспектива ќе кажам дека тоа е со умисла, се беше направено за Меси да стане светски шампион. Така мислам и не бегам од мојот став“, изјави Ван Гал.

Тој натпревар против Аргентина беше и последен за Ван Гал на клупата на Холандија по што го наследи Роналд Куман.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Барселона го дочекува Билбао на Ноу Камп, капацитет 45.401 место

Барселона соопшти дека натпреварот од 13. коло на шпанската Ла Лига против Атлетик Билбао …