Дома Фудбал Англија Изјавата на Солскјер пред натпреварот со Арсенал точно говори дека знаеше што Алексис ќе направи

Изјавата на Солскјер пред натпреварот со Арсенал точно говори дека знаеше што Алексис ќе направи

solskjer

Фудбалерите на Манчестер Јунајтед се пласираа во осмина финалето во ФА Купот, бидејќи синоќа на гости го победија Арсенал со 3:1.

„Црвените ѓаволи“ ја продолжија неверојатната серија од доаѓањето на Оле Гунар Солскјер и оваа беше дури осма последователна победа за норвешкиот стратег од доаѓањето на клупата на Манчестер Јунајтед. Норвежанецот ги воодушеви навивачите на Јунајтед, бидејќи во живот врати многу фудбалери кои Мурињо ги отпушти, а еден од нив е и Алексис Санчез.


Второ коло во ЛШ: Најголемото дерби се игра во Лондон! ↓↓↓


Чилеанецот во Јунајтед пристигна пред година дена токму од Арсенал, но не се наигра додека на клупата беше Мурињо. Но, Солскјер повторно му даде шанса и Алексис тоа го искористи на најдобар начин, бидејќи ја затресе мрежата на поранешниот клуб во синоќешниот натпревар

Солскјер се повеќе и повеќе се споредува со Фергусон, а дека тука има нешто докажа и Алексис. Тој веруваше во него кога дојде во Јунајтед и изјави дека Чилеанецот не е на продажба, а сега Алексис му врати на тоа што му даде доверба. Норвежанецот точно знаеше што ќе се случи синоќа и веруваше дека Алексис ќе даде гол.

„Мислам дека Алексис ќе ужива доколку навивачите на Арсенал му свиркаат. Како играч тогаш сакате да го дадете најдоброто од себе“, изјави Солскјер пред натпреварот и очигледно беше во право.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Легендарниот Мијатовиќ го посочи главниот проблем на Реал Мадрид

Eкс-фудбалерот на Реал Мадрид, Предраг Мијатовиќ не е задоволен од играта која ја прикажув…