Дома Фудбал Англија Изненадување од Островот: Џерард може да го замени Мурињо?

Изненадување од Островот: Џерард може да го замени Мурињо?

Oд англиските медиуми ни доаѓа изненадувачка вест – Стивен Џерард би можел во Тотенхем!

Играчката легенда на Ливерпул работи одлично со Ренџерс со кој стигна до шампионската титула во Шкотска. Утрово пристигна вест дека првиот човек на Тотенхем, Даниел Леви сакал да го смени Жозе Мурињо со Стевен Џерард. Наводно, таа идеја му се допаднала и на Џерард.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Многу изгледа по реално Џерард да го видиме на клупата на Ливерпул, меѓутоа како што стојат работите таму промени нема да има за брзо, па Тотенхем би можел да биде прво искуство за Џерард во Премиер лигата.

Останува да видиме како ќе се одвиваат работите, Тотенхем за да го отпушти Мурињо прво треба да му плати 30 милиони евра, а тоа секако не е мала сума, па ќе видиме дали ќе се решат на таков потег.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Голем трансфер од Премиер лигата за Рома

Рома договори трансфер на холандскиот напаѓач Дониел Малeн од Астон Вила на позајмица, со …