Капитенот на Ливерпул, Џордан Хендерсон би можел да го напушти Ливерпул во овој преоден рок.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Иако досега немаше такви најави, Ливерпул би можел да остане без својот капитен за наредната сезона. Според информациите на францускиот „Л’Eкип“ клубот на Дарко Велковски, Ал Итифак е заинтересиран да го доведе.
Оваа информација доаѓа откако пред неколку дена Стивен Џерард седна на клупата на овој клуб. Но, прашање е колку Клоп ќе има желба да се раздели со Хендерсон кој е важен дел од екипата. Посебно, по заминувањето на Џeјмс Милнер.
Но, од друга страна во средниот ред кај Ливерпул пристигнаа Мекалистер и Собослаи, а исто така во средниот ред помага и Трент Александер-Арнолд. Хендерсон низ годините беше важен играч во системот на Клоп и со овој клуб ги освои сите можни трофеи.
Et si Jordan Henderson rejoignait Steven Gerrard ? https://t.co/QAgTaUonaI #Mercato
— Loïc Tanzi (@Tanziloic) July 10, 2023