Изненадувачка вест ни доаѓа од светот на ракометот.
Македонија, Србија, Хрватска, Белорусија, Романија, Словачка, Босна и Херцеговина, а од наредната сезона и – Кина!?
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Не е шега, управата на СЕХА лигата денес објави дека едно од 12-те места во новиот формат на натпреварување ќе му припадна на Универзитетот од Пекинг за спорт (БСУ).
„Влегувањето на кинескиот тим ќе означи нова ракометна ера во регионот и СЕХА – Газпром лигата. Нашата цел е да ги прошириме хоризонтите и да отвориме пазар на југоисточна Европа, но и да гледаме надвор од европските граници“, изјави претседателот на СЕХА лигата, Михајло Михајловски.
За деталите на соработката не се зборуваше премногу, не знаеме за каков договор клубот од Пекинг добил место во СЕХА лигата. Дали платиле? И колку ако платил? Или само на клубовите од регионот ќе им биде овозможено да се претстават на Далечниот исток…