Дома Трансфер зона Изненадување: Буфон добил понуда од Барселона!?

Изненадување: Буфон добил понуда од Барселона!?

Џанлуиџи Буфон неодамна потврди дека го напушта Пари Сен Жермен и многу легендарниот голман нема да ја заврши кариерата, медиумите најавуваат дека ќе брани некаде на друго место.

Буфон минатото лето после 17 години го напушти Јувентус и премина во ПСЖ, а ова лето овој 41 годишен голман ќе побара нова средина.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


„Им благодарам на сите што имав прилика да живеам во Париз. Благодарен сум на заедничките емоции. Дојдов тука исполнет со ентузијазам и одлично дочека од страна на навивачите. Денес ја завршувам својата авантура надвор од Италија. Благодарен сум на претседателот, соиграчите и навивачите“, гласеше изјавата на Буфон со која потврди дека го напушта ПСЖ.

Како фаворит за доведување на Буфон се споменуваше Парма каде што Буфон ја започна кариерата, но се споменуваше и Бреша.
Но, во меѓувреме се појави една изненадувачка информација.

Според информациите на „Скај Италија“ Буфон бил контактирал од страна на Барселона и Каталонците му го понудиле местото резервен голман.

Легендарниот Италијанец во Барселона би бил замена за Марк Андре Тер Штеген.

Би било интересно да се види Буфон во дресот на Барселона, па дури и како резервен голман.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул се засилува со португалски дефанзивец

Ливерпул е сериозно заинтересиран да го доведе дефанзивецот на Спортинг Лисабон, Гонзало И…