Добро позната е ситуацијата во која се наоѓа италијански Палермо, па поради тоа се очекува клубот да го напуштат голем број играчи, помеѓу играчите кои ќе си заминат се и македонските напаѓачи Алексаднар Трајковски и Илија Несторовски.
Кога е Несторовски во прашање италијанските медиуми пред неколку дена објавија дека неговиот трансфер во Удинезе е завршена работа и дека е само прашање на време. Сега познатиот италијански новинар, Алфредо Педула пренесува информација за Трајковски.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Трајковски чеитири години го носеше дресот на Палермо каде што пристигна од белгискиот Зулте Варагрем за еден милиони евра сега тој би можел да заврши во Спортинг Лисабон.
#Trajkovski verso lo #Sporting #Lisbona per sostituire #Bruno #Fernandes. Quattro anni di contratto, domani vertice per chiudere
— Alfredo Pedullà (@AlfredoPedulla) July 9, 2019
Според информациите на Педула Трајковски треба да биде една од замените во офанзивниот дел од тимот каде што Спортинг ќе претрпи промени, пред се тука се мисли на заминувањето на Бруно Фернандеш кој е мета на повеќе европски клубови. Фернандеш е офанзивен играч, а иако игра во средината минатата сезона постигна 30 голови во сите натпреварувања.
Ќе потсетиме во Спортинг веќе има еден Македонец, дресот на португалскиот тим од поодамна го носи Стефан Ристовски.