Дома Фудбал Англија ИЗМАМА НА ДЕЦЕНИЈАТА: Непознат човек влегол во собата и зборувал со Лингард и Рашфорд (ФОТО)

ИЗМАМА НА ДЕЦЕНИЈАТА: Непознат човек влегол во собата и зборувал со Лингард и Рашфорд (ФОТО)

Репрезентацијата на Англија вечерва го игра пријателскиот натпревар против Италија, а играчите на оваа екипа се наоѓаат во еден хотел во близина на Вотфотд.

Англиската јавност ја потресе информацијата дека во хотелот има проблеми со еден навивач кој успеал да влезе во собата во која биле Лингард и Рашфорд. Непознатиот навивач зборувал десет минути со играчите на Манчестер Јунајтед кои не сфатиле дека нешто не е во ред. Се уште не се знае идентитетот на момчето кое успеало да го заобиколи целото осигурување во хотелот и да дојде дури до собата на играчите на Англија. Кога чукнал на вратата рекол дека е член на персоналот на хотелот, а Лингард го викнал да влезе.


Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓


Она што многумина ги насмеа е фактот дека Лингард и Рашфорд не сфатиле дека нешто не е во ред, бидејќи мислеле дека тоа е фризерот кој треба да ги истрижи. Навивачот во собата се задржил десет минути, а потоа си заминал. Дури тогаш Линдард се запрашал зошто фризерот оди кога се уште не ја завршил својата работа. Кога се појавија сликите на овој навивач на социјалните мрежи како влегува во собата, тогаш на сите им стана јасно дека тоа не е фризерот кој го очекувале.

Тотална конфуција настана во моментот кога се појавил вистинскиот фризер. Лингард пријавил во осигурувањето на хотелот што се случило, а сега полицијата се обидува да го дознае идентитетот на човекот кој така лесно успеал да влезе во хотелот каде што биле играчите на Англија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Скапо платениот ас на Баерн постигна гол каков што ретко се гледа: Погоди како во видео игра! 🎥

Фудбалерите на Бајерн во Гелзенкирхен убедливо го совладаа украинскиот Шахтар со резултат …