Aнтонио Конте го доби тоа што го сакаше, Италија, односно делот кој не навива за Јувентус се надева дека конечно доминацијата на „старата дама“ ќе биде прекината.
Италијанските медиуми веќе пишуваат за тимот на Интер, после завршените трансфери на Јанг, Мозес и Ериксен, се чека уште некој од Љоренте или Жиру, играчи кои би биле алтернатива на Лукаку. Да, Ериксен не потпишал, меѓутоа од вчера вечер сите најпознати италијански и англиски медиуми објавија дека договор е постигнат.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Како би изгледал тимот на Интер?
Конте јасно ќе форсира 3-5-2 и од тоа не се откажува, па во преодниот рок бараше и играчи за таквата формација.
Она што е интересно е што Годин кој дојде како големо засилување веројатно ќе биде само резерва, младиот Бастони изгледа подобро се вклопи со Де Фрај и Скриниар.
На страничните позиции ќе бидат засилувањата Јанг и Мозес. Јанг може да биде користен и десно и лево, а поради офанзивните карактеристики 3-5-2 одлично му одговара.
Во средниот ред на Барела и Брозовиќ ќе им се придружи Ериксен од кого се очекува да биде главен организатор на играта. Нападот ќе биде составен од досега одличните Лукаку и Лаутаро.
Ова веројатно ќе биде стартниот тим со кој Интер ќе се обиде во вториот дел од сезоната да го симне Јувентус од врвот и да ја прекине доминацијата на црно-белите.