Дома Фудбал Останато Изгледа дека ни следува „здодевен“ втор дел од сезоната, но за среќа тука е СЕРИЈА А!

Изгледа дека ни следува „здодевен“ втор дел од сезоната, но за среќа тука е СЕРИЈА А!

Првиот дел од сезоната 2017/2018 во најсилните 5 европски лиги е зад нас, односно уште две кола од англиската Премиер лига и едно од Серија А. Како и обично, најдобрите европски лиги донесоја многу возбуда и интересни натпревари. Сепак, кога станува зборот за борбата за титулата, работите се малку поинакви.

Така, Манчестер Сити, по многумина, веќе го реши прашањето за нов шампион на Англија, со оглед на тоа што машината на Гвардиола е незапирлива и како првопласирана екипа во Премиер лигата веќе има 13 бода предност во однос на второпласираниот Манчестер Јунајтед.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


И Баерн е суверен на првата позиција во Германија. Баварците имаат 11 бода предност во однос на Шалке, Борусија Дортмунд е во слаба форма, а Германците ретко кој ги гледа како конкуренти на Баерн, па изгледа дека Јуп Хајнкес ќе одведе Баерн до нова титула шампион на Германија.

Тешко е да се верува дека некој во француската Лига 1 ќе му се спротистави на ПСЖ, кој по првата полусезоната има 9 бода плус во однос на второпласираниот Монако, додека многумина сметаат и дека првенството е решено и во Шпанија.

Првопласираната Барселона има девет бода повеќе од второпласираната екипа Атлетико Мадрид, но она што е многу поважно е дека најголемиот конкурент на Барса, Реал Мадрид многу веројатно одпадна од трката за титулата по поразот во Ел Класико. Барселона по Ел Класико има предност од 14 бода во однос на „Кралевите“.

Сепак, Серија А е сосема друга приказна. Кога станува збор за италијанскиот шампион не очекува интересно продолжување на сезоната, а многумина предвидуваат и неизвесна борба за Скудетото. Лидерот на Серија А е Наполи со 45 бода, „Старата дама“ е второпласирана со само бод помалку. И понатаму во конкуренција за титулата е Интер кој има 40 бода, додека Рома има два помалку.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Пеп го губи „компасот“: Гвардиола ги изненади навивачите со изборот на лев бек за дербито против Јунајтед

На „Етихад“ утре ќе се одигра големото градски дерби меѓу Манчестер Сити и Манчестер Јунај…