Хуан Квадрдадо е еден од најдобрите фудбалери на Јувентус оваа сезона, но неговата иднина во Торино е директно поврзана со таа на тренерот Алегри.
Договорот на Квадрадо со „старата дама“ истекува во летото 2020-та година, но од клубот се подготвени да му понудат нов договор со подобри финансиски параметри.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Пред да стави потпис на новиот договор, сепак, Квадрадо посакал да види каква ќе биде судбината на тренерот Масимилиано Алегри, со кого е во многу добри односи.
Колумбискиот репрезентативец ќе остане во редовите на италијанскиот шампион, само ако Алегри продолжи да го предводи Јувентус.