Европската куќа на фудбалот свика итен состанок на кој ќе бидат разгледани сите мерки околу пандемијата од коронавирусот и ќе се решава за иднината на европските натпреварувања и ЕП.
Средбата ќе се одвива на 17-ти март преку видеоконференција и на неа се поканети претставници од сите 55 земји членки на УЕФА, како и претставници на ФИФПро.
Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓
Ќе биде дискутирано за иднината на Лигата на шампиони, Лига Европа како и за Европското првенство.
Порано денес се појави информација дека УЕФА денес веќе донела одлука за времено суспендирање на Лигата на шампиони и Лига Европа, а тоа најверојатно и ќе се случи официјално во вторик.
УЕФА едноставно е приморана да го направи тоа поради фактот што два клуба – Јувентус и Реал Мадрид се во карантин и не се во можност да ги одиграат реваншите во осминафиналето од ЛШ.
In the light of ongoing developments in the spread of Covid-19, UEFA has invited various stakeholders to discuss European football’s response to the outbreak.
— UEFA (@UEFA) March 12, 2020
Discussions will include all domestic and European competitions, including UEFA EURO 2020.
Full statement: ?