Дома Актуелно Иднината на Бакајоко во Милан зависи од…

Иднината на Бакајоко во Милан зависи од…

Тиму Бакајоко пред почетокот на сезоната пристигна во Милан на позајмица од Челзи и полека се етаблираше во клучен фудбалер на „росонерите“.

Италијанскиот гигант има опција да го откупи 24-годишниот Французин на крајот на сезоната за 35 милиони евра.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Бакајоко имаше тежок почеток на сезоната во Милан и најпрво беше резерва, но потоа доби шанса и ги покажа сите свои квалитети. Тој е клучен играч во формацијата на Гатузо, а притоа стана и миленик на фановите.

Поради тоа Милан сака да го задржи во своите редови, но денешното издание на „Тутоспорт“ пренесува дека неговата иднина ќе зависи од исходот на сезоната.

Имено, клучен ќе биде фактот дали „росонерите“ ќе изборат пласман во Лигата на шампиони следната сезона, бидејќи од тоа ќе зависи нивниот буџет.

Доколку Милан заврши во Топ 4 на крајот на сезоната, тогаш Бакајоко сигурно ќе биде откупен, во спротивно раководството ќе одлучува нахнадно.

Постои опција Милан да се откаже од Франк Кеси само за да финансира трансферот на Бакајоко, кој се покажа како клучен играч во формацијата на Џенаро Гатузо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Актуелно

Проверете

Јамал доживеал непријатност по мечот со Дортмунд – сакал да оди во тоалет, но не му дозволиле!

Синоќа во Лигата на шампионите се сретнаа екипите на Борусија Дортмунд и Барселона, а една…