Дома Трансфер зона Игра со Пандев и важи за „новиот Левандовски“, Дортмунд спрема голема понуда

Игра со Пандев и важи за „новиот Левандовски“, Дортмунд спрема голема понуда

Според информациите на германските медиуми, фудбалерот на Џенова Кристоф Пиатек е голема желба на Борусија Дортмунд.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Полскиот напаѓач кој е соиграч на Горан Пандев и вистински хит на стартот од сезоната со 10 голови на шест натпревари во сите натпреварувања стана најаефикасен во петте најсилни лиги во Европа.

Претседателот на клубот откри дека го забележал на „Јутуб“, не сакал некој клуб да го украде, па веднаш реагирал и отпатувал да го гледа во живо.

Џенова за него плати 3.5 милиони евра, сега се шпекулира дека би можеле да го продадат за десет пати поголема сума на „Милионерите“, а претходно се пишуваше и дека интерес за него покажала Барселона.

Дортмунд не е клуб кој троши големи суми на засилвања, но во овој случај би можеле да направат исклучок и да го доведат „новиот Левандовски“ на „Вестфален“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…