Дома Фудбал Останато Играше фудбал секаде во светот, стана свештеник и тврдеше дека бил сведок на божјо чудо – ТАРИБО ВЕСТ!

Играше фудбал секаде во светот, стана свештеник и тврдеше дека бил сведок на божјо чудо – ТАРИБО ВЕСТ!

Поранешниот репрезентативец на Нигерија и член на златните генерации на Интер и Милан е фудбалер кој освен со своите одлични настапи привлекуваше внимание и со необичниот изглед.

Нешто како Денис Родман во НБА лигата, Вест со својот стајлинг секогаш привлекуваше внимание. Многумина ќе кажат дека немал среќа, но ако ништо друго може да биде среќен бидејќи играше фудбал скоро во сите краишта на светот.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Тој беше еден од првите фудбалери за кои по неговото пристигнување од Африка се зборуваше дека е постар во однос на неговите официјални податоци за годините, бидејќи изгледаше многу постар отколку што се претставуваше.

„Кога дојде кај нас имаше 28 години. Подоцна дознавме дека всушност има 40. Меѓутоа, го оставивме и не зажаливме бидејќи играше одлично“ изјави Жарко Жачевиќ, претседателот на Партизан каде што Вест помина дел од својата кариера.

До 1993 година играше во Нигерија, потоа премина во Оксер, каде што во првата сезона не доби премногу простор за игра. Една година потоа одигра маестрално, па и во 1996 година кога Нигерија го освои Олимпиското злато.

Големите тимови започнаа да се распрашуваат за неговите услуги, а со Оксер во 1997 година стигна до четвртфиналето во Лигата на шампионите.

Реал Мадрид, Манчестер Јунајтед, Барселона, беа први во редот да го доведат, но на крајот го доведе Интер за два милиони фунти. Во првата сезона беше вицешампион на Италија, но го освои и Купот на УЕФА.

Настапи и на Светското првенство во 1998 година на кое неговата репрезентација запиша пораз во осмина финалето од селекцијата на Данска. Тогаш беше обвинет од министерот за култура на Нигерија, не поради настапите на теренот, туку поради неговиот изглед.

„Децата ги копираат фудбалерите, а кога ќе ги видите неговите плетенки во вас се развива чуствуо за хомосексуалност. Ние тоа не го сакаме“, изјави своевремено Отумба Руншеве.

На почетокот на новиот милениум преминува во Милан, меѓутоа после само четири натпревари за клубот му беше покажан излезот. Вест беше шокиран, бидејќи сметаше дека бил најдобар фудбалер на „росонерите“.

„Никој не можеше ништо да му каже на Малдини, тој беше лидер на тимот. Бев во шок, секогаш бев најдобар фудбалер на теренот“, тврдеше тогаш Вест.

Позајмен беше на Дерби Каунти, па потоа играше и за Каизерслаутен, па Партизан, Ал Араби, Плејмот, Аргај, Пајкан од Иран каде и што ја заврши кариерата во 2008 година.

Меѓутоа токму тогаш започнува неверојатната приказна на Тарибо Вест, создаде своја свештеничка служба под името: „Shelter In The Storm Miracle Ministries of All Nations“.

Исто така постојат гласини дека додека играл во Италија држел и библиски предавања во својот дом. Тврдеше дека ја видел својата љубовница како се претвара во змија, а после тој момент одлучил животот да му го посвети на Исус. За потоа, да се појават приказни дека починал, но набрзо сето тоа беше демантирано.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Падна рекордот на Малдини и Албертини: Родри е нов рекордер

Манчестер Сити ја затвори сезоната со победа против Вест Хем од 3:1, а тоа за овој тим зна…