Дома Фудбал Англија Играше за Арсенал, ја заврши кариерата и стана успешен манекен

Играше за Арсенал, ја заврши кариерата и стана успешен манекен

Џон Хал ја помина младинската школа на Арсенал, беше ѕвезда на Стоул играше и во Премиер лигата за Рединг, но фудбалската, не е кариерата во која постигна најголеми успеси.

Во игра на случајноста стана меѓународен модел откако објави крај на кариерата. Во разговор за „Планет Фудбал“ тој зборуваше за неговите добри, но и лоши моменти.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Откако го освои јуниорскиот ФА Куп со Арсенал и доби шанса во првиот тим за кој запиша три настапи во Лига Купот се очекуваше да има солидна кариера.

„Бев среќен и привилегиран што растев во тим како Арсенал. Дури откако заминав си помислив. Боже, секој ден тренирав со Тиери Анри и Денис Бергакмп. Во тоа време бев лудо дете, мислев дека сум подобар од сите и дека треба да играм секогаш. Дури кога ќе се тргнеш малку настрана и ќе помислиш од други аспекти, сфаќаш колку си бил привилегиран.

Секогаш верував во себе, како и голем дел од фудбалерите, а на 17 или 18 години дојдов да бидам на клупа против Чарлтон, Нелсон Вивас промаши пенал и изгубивме 1:0. Потоа се повредив и некое време паузирав, а кога се вратив одново бев со тимот во Лига Купот кога Бергакм го постигна оној луд гол против Њукасл“.

И покрај вербата во своите способности, Хал добиваше малку прилика. Арсенал го испраќаше на позајмици во Кочерстер и Беверен. Но работите се променија кога Тони Пјулис го доведе на позајмица во Стоук во 2003 година. Кај Пјулис играше стандардно.

„Беше тешко да се замине од Арсенал бидејќи во тоа време поинаку гледав на Чемпионшип и пониските лиги, требаше да се спуштам ниво поидоле, беше тешко. Но заминав во Стоук на позајмица и два месеци го играв секој натпревар. Ми се допадна и не жалев што заминав“.

Во Стоук помина нешто повеќе од две години, а со заминувањето на Пјулис почнаа и неговите несогласувања околу договорот, па така заврши во Рединг, уште еден тим од Чемпионшип во тоа време.

Тоа се покажа како почеток на крајот на неговата кариера и повеќе од две години не одигра ниту еден натпревар во најсилниот ранг.

„Не функционираше во Рединг. Не знам зошто, но на менаџерот Стив Копел не му се допаѓав, а ниту тој мене да бидам искрен. Воопшто не одговарав на неговиот стил на игра“, објаснува Хал.

Потоа се соочил и со проблем исо повредите и кога заминувал од Рединг само неколку клубови биле заинтересирани, таму само губел време, пред да донесе одлука да стави крај.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Дерби на денот: Германски тест за арапските милиони

Денес во фокусот ќе биде вториот полуфинален дуел од Лигата на шампиони помеѓу Борусија До…