Манчестер Јунајтед пред два дена го потврди трансферот на Хари Мегваер кој стана новиот најскап дефанзивец во историјата на фудбалот.
Мегваер Лестер со Манчестер Јунајтед го замени за сума од 93 милиони евра со што го сруши рекордот кој го држеше Вирџил Ван Дајк. Со Мегваер се очекува Јунајтед да ги реши проблемите со одбраната кои ги имаше во минатата сезона.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Меѓутоа фудбалерот на Лестер, Бен Чивел одлучи и да се пошегува на сметка на главата на неговиот нов соиграч
„Штотуку помислив дека главата не може да ти стане поголема“, напиша Чивел на неговиот Твитер профил покрај фотографијата на која Мегваер го потпишува договорот.