Дома Топ вести Играч на Барса застана среде улица да се пресметува со фановите🎥

Играч на Барса застана среде улица да се пресметува со фановите🎥

Фудбалерот на Барселона Иниго Мартинез ги загуби нервите откако слушна навреди од навивачите надвор од тренинг кампот на клубот.

Мартинез го напушташе тренингот со автомобил кога двајца млади навивачи му рекоа дека е глупав. Мартинез го запре автомобилот на среде пат, излезе и му се втурна во лицето на навивачот.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


„Ова е последен пат кога ме нарекуваш глупав, разбираш? Последен пат. Не биди арогантен, ова е последен пат. За тебе и твојот пријател“, извика Мартинез, и едвај се воздржуваше физички да не го нападне навивачот.

Дефанзивецот на Барса во последно време го загуби местото од Пау Кубарси и не игра на очекуваното ниво.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Нејмар го продолжи договорот со Сантос до Светското првенство 2026

Изгледа дека Нејмар стави крај на шпекулациите за премин во Интер Мајами или враќање во Ев…