Дома Фудбал Играчот на Реал кон Зидан: Не се секирај, и јас не сакам да работам со тебе!

Играчот на Реал кон Зидан: Не се секирај, и јас не сакам да работам со тебе!

Уште од враќањето на Зинедин Зидан на тренерското столче во Реал Мадрид стана јасно дека за некои фудбалери нема место во неговиот тим.

Еден од нив е и Дани Себаљос, кој воопшто не добива шанса под раководство на Зидан. Пред крајот на сезоната францускиот стратег имал приватен разговор со играчот и му кажал дека е слободен да си бара нов клуб.

Екранизација, задоцнет развој, аутизам, инклузија – што треба да знаат родителите


„Не се секирај тренеру, и јас не сакам да работам со тебе“, му кажал Себаљос во очи на Зидан, открива весникот „АС“.

За Себаљос интерес покажуваат многу клубови ширум Европа, но најблиску до неговиот потпис е Тотенхем, кој го сака младиот Шпанец како замена за Кристиан Ериксен.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Гвардиола по драмата во Лондон одржа луда прес-конференција: О, мој Боже, ја изгубив косата!

Пеп Гвардиола одржа долга и забавна прес-конференција по драматичниот натпревар во кој Ман…