Дома Луд Спорт Играчот на Рапид бара манекенка за дружење, но само на два дена!

Играчот на Рапид бара манекенка за дружење, но само на два дена!

Фудбалерите на Рапид Виена утре му гостуваат на Интер во рамките на 1/16-финалето од Лига Европа, а на првиот меч беа поразени на домашен терен со 1:0.

Инетер е голем фаворит во овој дуел и во Рапид се поприлично задоволни што само со еден гол негативаа отпатуваа на „Џузепе Меаца“. Фудбалерите на австрискиот тим денес допатуваа во Милано, а во центарот на вниманието се најде младиот фудбалер Филип Шобесберг поради објавата на „Тиндер“.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


„Тиндер“ е страна за запознавање, а играчот на Рапид стана хит на интернет кога се дозна дека и тој вчера објавил оглас на оваа страна. Овој 25-годишен фудбалер на Рапид Виена не сака туку така да му помине времето во Милано, па побара манекенка за дружење.

Шобесберг напиша дека бара манекенка за дружење во Милано, но само на два дена бидејќи толку време ќе остане во овој град. Меѓутоа, за негова жал некој ја открил неговата објава, па стана хит на интернет.

25-годишниот фудбалер на Рапид набрзо ја избриша објавата, но веќе беше касно и сега е предмет на шеги во цела Европа.

Инаку, Филип Шобесберг е офанзивен играч за врска кој оваа сезона во Лига Европа запиша само 3 настапи, на кои успеа да постигне еден гол.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Луд Спорт

Проверете

Арсенал спреми астрономска понуда за ѕвездата на Милан

Арсенал покажува сериозен интерес за плејмејкерот на Милан и холандски репрезентативец Тиж…