Натпреварот помеѓу Аргентина и Холандија во четвртфиналето на Светското првенство сигурно беше еден од најтензичните на целиот Мундијал.
Во тој натпревар видовме разни вербални дуели, а во неколку од нив учествуваше Меси. Откако се расправаше со Ван Гал на теренот Меси продолжи со двојниот стрелец за Холандија, Вегхорст во микс-зоната.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Додека Меси дваше интервју поради некоја причина довикна до Вегхорст кој беше во близина.
„Кога сум на теренот за мене сите се еднакви, се боревме и покажавме дека имаме одлична репрезентација. Меси многу го почитувам, сигурено е еден од најдобрите на сите времиња, сакав само да покажам почит и да му подадам рака, но очигледно не прифати.
Тој ја фрли раката и го одби поздраот. Беше разочарувачки да се слушне такво нешто од него, но барем сега знае за моето име, иако не разбирам многу шпански знам дека кажа непочитувачки зборови“, изјави Вегхорст.