Многу клубови поставуваат откупни клазула со цел да спречат продажба на играчите.
Вообичаено клубовите поставуваат нереални цифри и така се обезбедуваат во случај некој друг клуб да сака да го купи нивниот играч.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Најголема откупна клазула со години наназад има Карим Бензема. Реал во последниот договор на францускиот напаѓач вгради клазула од дури милијарда евра.
Зад Бензема следуваат Лионел Меси, Иско и Марко Асенсио со 300 милиони евра помала откупна клазула, односно 700 милиони евра.
До крајот во топ 10 следуваат Модриќ, Бејл, Пике, Крос, Себаљос и Рафаел Варан со по 500 милиони евра.
Јасно е дека (не)возможно е навистина некој од овие играчи да биде продаден за оваа сума. Дури и за денешни услови кога трансфер пазарот е буквално полуден ова се преголеми суми.