Дома Фудбал Италија Ибра: Чалханоглу профитираше од трагедијата на Ериксен

Ибра: Чалханоглу профитираше од трагедијата на Ериксен

Златан Ибрахимовиќ тврди дека Хакан Чалханоглу имал корист од трагедијата на Ериксен и поради тоа добил понуда од Интер.

Ибрахимовиќ во својата нова книга „Адреналин“ меѓу другото пишува и за трансферот на Чалханоглу од Милан во Интер.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


„Треба да му се заблагодариме за сѐ што направи за Милан и да му посакаме сѐ најдобро во иднина. Чалха ја искористи трагичната ситуација. Ериксен имаше проблеми со срцето и на Интер му требаше таков играч и му беше отворена позиција на Хакан. Дотогаш тој немаше понуди од Интер и од други клубови“, напиша Ибра.

„Тој е добро момче, но многу напредуваше поради мене. Стекна храброст и самодоверба. Пред да дојдам, Чалха немаше бројки какви што имаше потоа. Постојано се шегував со него: „Моја вина е што сега бараш таква понуда од Милан, јас ти помогнав да се развиеш“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Модриќ ги воодушевил сите во Милано, „росонерите“ веќе донеле одлука!

Лука Модриќ (40) брзо ги освои срцата на фановите на Милан и ги натера италијанските медиу…