Манчестер Јунајтед му ја отвори излезната врата на Златан Ибрахимовиќ, а и самиот Мурињо потврди дека напаѓачот може да си оди.
Како што пренесува угледниот „Екип“ договорот е постигнат уште пред три недели и Ибрахимовиќ веќе ставил потпи на договорот.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Неговата следна дестинација ќе биде Лос Анџелес, каде ќе биде заштитно лице на ЛА Галакси и сигурно најголем „бренд“ кој пристигнал во САД после Дејвид Бекам.
Ибрахимовиќ се врати на терените после тешката повреда, но повторно се повреди и моментално е надвор од теренит.
Извор близок до ЛА Галакси потврди дека се е договорено и дека Ибра доаѓа во клубот.
Се уште не е јасно дали Ибра ќе замине во САД во март кога што започнува сезоната во МЛС лигата или на крајот на сезоната, односно на лето.