Како што стојат работите, Златан Ибрахимовиќ ќе биде една од главните теми во зимскиот преоден рок.
Иако има уште два месеци од договорот со Лос Анџелес Галакси, тој всушност е слободен играч со оглед на тоа дека неговиот тим ја заврши сезоната со испаѓањето во плеј-офот од МЛС лигата.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Многу клубови од Европа и Јужна Америка покажуваат инетерс за Швеѓанецот, меѓутоа денес Ибра го шокира фудбалскиот свет со пораката која ја објави.
„Поздрав Шпанијо! Погедете што има ново? Се враќам“, напиша Ибрахимовиќ и веднаш покрена лавина шпекулации за новиот клуб.
За него интерес покажуваат Интер, Наполи, Болоња, Фламенго, Бока Јуниорс… но до сега не беше поврзувам со клуб од Примера.
Ибрахимовиќ една година помина на Примера во дресот на Барселона, па дали станува збор за негово враќање во Шпанија како фудбалер, или нешто друго, останува да видиме.