Дома Фудбал Англија Ибрахимовиќ со изјава ги израдува сите навивачи на Манчестер Јунајтед

Ибрахимовиќ со изјава ги израдува сите навивачи на Манчестер Јунајтед

Шведскиот напаѓач, Златан Ибрахимовиќ е се поблиску до враќањето на теренот.

Ибрахимовиќ се повреди на крајот од минатата сезона во натпреварот од Лигата на Европа против Андерлехт, а се очекува да се врати во декември. Овој 36-годишен напаѓач пред неколку месеци беше слободен играч, но потпиша нов договор со Манчестер Јунајтед откако стана јасно дека ќе биде повторно целосно физички подготвен.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


„Како што реков, се вратив да го завршам она што го започнав. Се што направив во мојата прва сезона не беше доволно за она што дојдов тука. Освоивме три трофеи, но тоа не беше крајот што го сакав. Мојата желба е Премиер лигата. Се што започнав во првата сезона, ќе го завршав во втора“, изјави Ибра во интервју за „SkySports“.

Потсетуваме, Златан во текот на минатата сезона во дресот на Манчестер Јунајтед одигра 46 натпревари и постигна 28 гола со девет асистенции.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Ричарлисон: Сакав да се откажам од фудбалот по Светското првенство

Бразилскиот напаѓач Ричарлисон (26) има добра сезона за Тотенхем. Пред еден месец го запре…