Швеѓанецот Златан Ибрахимовиќ уште еднаш најви дека својата кариера ќе ја продолжи во Италија.
Ибрахимовиќ неодамна наполни 38 години, но и покрај тоа не размислува за крај на кариерата и на големо се шпекулира за тоа кој клуб би можел да биде негова наредна дестинација.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Дел од јавноста е убедена дека се враќа на „Сан Сиро“ каде што во минатото веќе еднаш настапуваше. Со последната изјава многумина сметаат дека Ибрахимовиќ потврдил дека се сели во Милан.
„Се гледаме наскоро во Италија. Одам во тим кој мора повторно да почне да победува, клуб кој мора да се врати на славните патеки. Само на тој начин ќе пронајдам дополнителна мотивација за да ве изненадам повторно“, порача Ибрахимовиќ.
Освен Милан, за Ибрахимовиќ во Италија интерес покажаа Рома, Болоња и Наполи, меѓутоа според описот веројатно Швеѓанецот најави трансфер во црвено-црниот дрес.