Италинските медиуми пренесуваат дека Ибрахимовиќ на зима може да направи сензационално враќање во Серија А и тоа во дресот на Болоња.
Неговиот менаџер Мино Раиола ја прифати понудата, и сега останува уште Ибрахимовиќ да даде согласност за трансферот.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Сопственикот на Болоња, Џо Сапуто му понуди осум милиони евра за 18 месеци, а сумата ќе ја обезбедат спонзорите.
Договорот на Ибрахимовиќ со американскиот Лос Анџелес Галакси истекува на крајот на годината, а тој изрази желба да се врати да игра во Европа.
За Ибрахимовиќ заинтересирани се уште неколку европски клубови, но Швеѓанецот наводно не може да ја одбие понудата од својот добар пријател Синиша Михајловиќ да му се приклучи во Болоња.