Дома Фудбал Останато Ибрахимовиќ најави доаѓање кај Пандев! (ВИДЕО)

Ибрахимовиќ најави доаѓање кај Пандев! (ВИДЕО)

Златан Ибрахимовиќ денес го слави 38-миот роденден и иако е во поодминати години не размислува за заминување во пензија.

Кон крајот на годината истекува неговиот договор со ЛА Галакси, па ќе биде слободен играч, а засега не се знае каде ќе продолжи и дали ќе остане во САД.

Наводно Бока Јуниорс која неодамна го доведе Даниеле Де Роси е фаворит, меѓутоа засега не е ништо потврдено.

Денес Ибрахимовиќ си поигра со фантазијата на фановите на Серија А.

Ибрахимовиќ на својот пријател Рики, се претпоставува Сапонара му испрати видео порака со најава дека доаѓа во Џенова.

„Еј Рики дали си премен? Доаѓам во Џенова за конечно да го освоиме Скудетото“, порача Ибра со шеговит тон.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Глен Џонсон го фали Алекс Скот како потенцијално засилување за Челзи

Поранешниот десен бек на Челзи, Глен Џонсон, го пофали младиот играч на Борнмут, Алекс Ско…