Mилан од кога Златан Ибрахимовиќ дојде во клубот започна да бележи подобри резултати, а во новата сезона навивачите очекуваат „росонерите“ да продолжат така.
Ибрахимовиќ секако е најголема ѕвезда во тимот и привлекува внимание каде и да оди. Вчера Милан играше против Шамрок Роверс во квалификациите од Лигата на Европа, а по овој натпревар кој заврши со победа на Милан (0:2) Ибра направи одличен гест.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
После натпреварот Ибрахимовиќ го подари дресот на синот на Аарон Грин кој игра за Шамрок. Синот на Грин бил голем фан на Ибра, Швеѓанецот му ветил дека ќе му го даде дресот и на крајот си го одржал зборот.
Zlatan learned that Aaron Greene's son, a Rovers Academy player, was a ballboy at the game. He promised him his jersey, he made sure that he got it ? pic.twitter.com/b3kyCgs0l6
— Shamrock Rovers FC ☘️ (@ShamrockRovers) September 18, 2020