Дома Фудбал Останато Ибрахимовиќ: Кога дојдов во Интер морав да ги рабијам клановите во соблекувалната

Ибрахимовиќ: Кога дојдов во Интер морав да ги рабијам клановите во соблекувалната

Златан Ибрахимовиќ со своите 39 години во кариерата пмина многу, од омразен лик, до херој и трагичар. И тоа неколку пати.

Ибрахимовиќ е еден од ретките кој имал прилика да игра за Јувентус, Милан и Интер. Во овој момент повторно е член на „росонерите“ и како вистински лидер ги предводи црвено-црните кои се одлични оваа сезона.


Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓


За Интер Ибрахимовиќ потпиша во 2006 година, клубот за него плати 25 милиони евра. Веднаш по доаѓањето во Милан сакал да ги разбие клановите во соблекувалната. На „Меаца“ дојде како 25 годишник и сакал да покаже дека е спремен да биде лидер.

„Кога дојдов во Интер сфатив дека прво што морате да направите е да ги разбиете тие мали групи. Не ги сакав од првиот ден. Сите тимови даваат повеќе кога има кохезија. Во Интер беше спротивно“.

„На претседателот Морати му кажав дека треба да се разбијат клановите затоа што се штетни за клубот. Не можеме да победуваме ако соблекувалната е поделена. Тоа го сфатив како првиот тест за дали ќе можам да бидам лидер. Им кажав: Што правите? Зошто седите, едни на една друга страна, други на друга како да сте деца?!“, пишува Ибрахимовиќ во својата автобиографија.

Ибрахимовиќ со Интер освои три Скудета и беше дел од една навистина одлична генерација на Интер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Анчелоти откри каква е повредата на Мбапе

Килијан Мбапе го постигна првиот гол за Реал Мадрид во победата над Аталанта 3:2 во шестио…