Се зголемуваат шансите Ибрахимовиќ да се врати во Серија А.
Познато е дека Златан Ибрахимовиќ ова зимо ќе биде еден од најбараните играчи. На Швеѓанецот му истекува договорот со ЛА Галакси и ќе биде слободен во изборот на новата средина.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Сега се погласно се најавува негово враќање во Италија каде што претходно настапуваше за Јувентус, Милан и Интер. Меѓутоа сега Ибра не е пред трансфер во некој од овие гиганти, Ибра сака да премине во Болоња и тоа само поради Синиша Михајловиќ.
За ова се пишуваше и претходно, но сега не станува збор за шпекулација, туку за потврда од спортскиот директор на Болоња, Валтер Сабатини.
„Ибрахимовиќ сака да премине кај нас поради односот со Синиша. Не е невозможно. Може да се изведе, но ако се случи тоа ќе биде само поради нивниот однос. Ибра сака да помогне на својот пријател Михајловиќ. Се што можам да ви кажам е дека ќе направам се оваа лудост да стане реалност“, изјави Сабатини.
Ќе потсетиме, тренерот на Болоња Синиша Михајловиќ се бори со леукемијата и во третата фаза од хемотерапијата.