Ибрахимовиќ ги соопштил своите услови и ги изненадил заинтересираните клубови.
Како што пишува „Република“ Ибрахимовиќ ги изнел своите услови за враќање во Серија А. Имено, ако договорот биде до крајот на сезоната Швеѓанецот бара еден милион месечно. Тоа значи дека за шест месеци до 1-ви јули 2020 година ќе добие шест милиони.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Сумата е огромна, Болоња не може ни да помисли да си дозволи вакво нешто, а сигурно дека ќе размислат и Наполи, Милан и Рома.
Римскиот весник пишува дека клубовите се надевале дека четири милиони евра до крајот на сезоната ќе бидат доволно, но очигледно нема да биде така.
Наполи неодамна му нудеше околу 2.5 милиони евра до крајот на сезоната, но Раиола таа понуда ја одби.