Наби Кеита го одигра последниот натпревар вчера во дресот на Лајпциг во германската Бундеслига, бидејќи од ова лето ќе игра за Ливерпул.
„Црвените“ уште минатата година го финализираа трансферот на овој 23-годишен играч, но беше договорено уште една сезона да помине во Лајпциг. Кеита и оваа сезона беше на своето ниво, бидејќи постигна девет гола и запиша седум аситенции за германскиот клуб во сите натпреварувања.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Кеита ова лето ќе се приклучи на Ливерпул со кого уште пред почетокот на оваа сезона потпиша договор и го задржи дресот со број осум. „Црвените“ веќе платија околу 53 милиони фунти за овој играч, но ќе бидат приморани повторно да му платат на Лајпциг.
Имено, со вчерашната победа против Херта овој тим го осигура настапот во Лигата на Европа следната сезона, а од некоја причина Ливерпул е должен да плати уште пет милиони фунти. Доколку Лајпциг избореше пласман во Лигата на Шампионите ќе добиеше уште два милиони фунти.