Џејдон Санчо ги одигра првите минути во дресот на Челзи за кој настапи во второто полувреме и одигра одличен натпревар.
Тен Хаг веројатно повеќе од лични причини не му даде шанса на Санчо да се докаже во Манчестер Јунајтед, пред него го форсираше Маркус Рашфорд кој долго време играше во очајна форма.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Санчо често пати не беше ниту на клупата за резери. Минатата сезона одигра одлично како позајмен во Борусија Дортмунд со која дојде и до во финалето од ЛШ. Но, ниту тоа не беше доволно за Тен Хаг да му даде шанса, па сега се пресели во Челзи.
Во Челзи уште на своето деби ја доби наградата за играч на мечот и така најави дека може да биде супер засилување.