Барселона за викендот на гости доживеа пораз од Реал Мадрид (2:0), а после овој натпревар критики доби тренерот Сетиен.
Сетиен на клупата на Барселона дојде пред нешто повеќе од еден месец откако беше отпуштен Валверде. Иако најави промени и враќање на напаѓачкиот фудбал тоа баш и не му оди како што планираше.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Барселона во претходните неколку недели изгуби дерби натпревари во Ла Лига против Валенсија и Реал Мадрид, додека во Лигата на шампионите ремизираше против Наполи.
„Мундо Депортиво“ направи интересна анализа на „големите“ натпревари кои Барселона ги одигра после Сетиен и дојде до интересен податок.
Имено, тренерот на Барселона во овие натпревари го форсира Самуел Умити, додека вообичаено на тие позиции игра Клемент Ленглет. Но, не е познато зошто Умтити добива предност во таквите натпревари иако не се покажа како најдобро решение.
Барселона во пет натпревари во кои Умтити беше стартер од доаѓањето на Сетиен прими дури осум голови, а во три во кои од првата минута играше Ленглет тие примија само два гола.