Селекторот на Аргентина, Хорхе Сампаиоли вчера го објави поширокиот список на фудбалери кои конкурираат да се најдат во авионот за Русија, каде што за еден месец започнува Светското првенство.
Списокот на оваа селекција беше во центарот на вниманието поради шпекулациите дека без повик ќе останат Мауро Икарди и Паоло Диабала. Меѓутоа, и покрај сите информации од Аргентина на крајот Сампаоли го вклучи ова дуо на поширокиот список, но тоа не значи дека тие ќе одат на Мундијалот.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Што се однесува на офанзивната линија на селекторот на Аргентина, навистина е на слатки маки. Имено, Меси, Агуеро, Икарди, Игуаин Диабала и Ди Марија зад себе имаат одлични сезони што се однесува на ефикасноста.
Во своите клубови споменатите играчи беа брилијантни, а во оваа сезона вкупно постигнаа дури 182 гола. Меси во дресот на Барса постигна 47 гола, Серхио Агуеро за Сити 31, Икарди во Интер 29, Игуаин за Јуве 27, Диабала постигна еден гол помалку во дресот на „Старата дама“, додека Ди Марија оваа сезона за ПСЖ постигна 22 гола.