Дома Фудбал Англија Зошто Салах не го славеше голот на Ливерпул со соиграчите? (ВИДЕО)

Зошто Салах не го славеше голот на Ливерпул со соиграчите? (ВИДЕО)

Ливерпул во неделата на гостински терен славеше против Кардиф со 2:0 и така ја продолжи трката со Манчестер Сити за титулата во Премиер лигата.

„Црвените“ со головите на Ванијалдум и Милнер од пенал дојдоа до сигурна победа и тие и понатаму се лидер со надеж дека Манчестер Јунајтед ќе им помогне така што ќе го запре Сити во дербито на Манчестер утре вечер.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Меѓутоа тој гол на Милнер од пенал донесе мала тензија во тимот на Ливерпул. Имено, Египќанецот Салах сакаше да го изведе тој пенал, но Милнер кој е задолжен за пеналите не му дозволи.

Салах беше разочаран што јасно се гледа на снимката, а потоа и не го славеше тој гол со соиграчите.

Тоа доведе до расправа помеѓу навивачите на Ливерпул за тоа дали Салах кој во овој момент се бори со Агуеро за титулата најдобар стрелец требаше да го изведе тој пенал.

Мислењата се поделени, едни сметаат дека Милнер требало да му дозволи на Салах, а други пак дека победата е најважна и дека Салах треба да е во функција на тимот, а не да води лични трки.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Вети дека ќе се соблече за победа на Албанија над Србија и тоа го направи! (Видео)

Фудбалската репрезентација на Албанија извојува победа против тимот на Србија во Лесковац …