Дома Фудбал Останато Зошто Роналдо не беше на претставувањето на новиот дрес на Реал?

Зошто Роналдо не беше на претставувањето на новиот дрес на Реал?

Реал Мадрид вчера ги претстави дресовите за новата сезона.

Фудбалерите на еврпскиот првак се фотографираа во новата опрема која ја направи Адидас, а на сетот сите беа присутни освен Кристиано Роналдо.

Тоа дополнително ги загрижи навивачите на Реал, бидејќи Португалецот ги остави во дилема со изјавата дека „во следните неколку дена ќе донесе одговор за иднината во клубот“.

Сепак, Роналдо на фотографирањето не се појави од едноставна причина. Најдобриот фудбалер во светот не смее да го промовира Адидас поради договорот кој го има со американскиот производител на спортска опрема Најк.

Ова всушност е единствената причина поради која Роналдо не се појави на фотографирањето со останатите играчи на „кралскиот клуб“ и навивачите на Кралевите сега можат да останат мирни.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Челси и Манчестер Јунајтед во трка за трансфер на Хакобо Рамон

Челси и Манчестер Јунајтед се заинтересирани за трансфер на младиот дефанзивец Хакобо Рамо…