Дома Фудбал Останато Зошто Мбапе е прв стрелец во Лига 1 кога имаше исто голови со Бен Једер? Еве го одговорот

Зошто Мбапе е прв стрелец во Лига 1 кога имаше исто голови со Бен Једер? Еве го одговорот

Како што е веќе познато француската Лига 1 поради пандемијата со коронавирусот се прекина.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Набрзо по прекинувањето одлучено беше титулата да се даде на првопласираниот ПСЖ, а според ситуацијата на табелата одредени се и патниците во понизок ранг, но и тимовите кои наредната сезона ќе играат во Европа.

Нешто по комплицирано беше околу индивидуалните признанија, а тоа пред се се однесува на наградата за најдобар стрелец во Лига 1.

Таа на крајот отиде во рацете на Килијан Мбапе.

Килијан Мбапе до француската Златна копачка стигна со 18 голови. Меѓутоа ист број на голови имаше и Бен Једер од Монако, па се очекуваше двајцата да ја поделат наградата.

На крајот тоа не се случи бидејќи во Лига 1 сакаа да имаат само еден победник.

На социјалните мрежи следуваа коментари и прашања зошто Мбапе е победник, сега го имаме и одговорот. Прво се претпоставуваше дека наградата отишла во негови раце затоа што до тие 18 голови стигнал на помалку натпревари.

Меѓутоа сега се појави информација дека напаѓачот на ПСЖ ја освоил оваа наградата што Мбапе имал постигнато повеќе голови од игра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Овој Мундијал може да биде најефикасен досега, причина е топката!

Светското првенство во фудбал започна со 121 гол во првите 40 натпревари, што е скоро четв…