Роберт Левандовски дефинитивно во овој момент е најважен фудбалер на Баерн Минхен, меѓутоа можеби неочекувано германскиот клуб се уште не му понудил нов договор на полскиот голгетер.




Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Во последниот период никој од Баер не разговарал со Левандовски на оваа тема, а тоа како што пишува реномираниот „Билд“ почнува да го иритира Левандовски. Во текстот се наведува дека Левандовски ваквото однесување на Баерн го смета за непочитување и размислува да не ја продолжи соработкатап о истекот.




Левандовски со Баерн има договор до 2023 година и во клубот заработува 24 милиони евра годишно, а германските медиуми шпекулираат дека во Баерн не се сигурни дали Полјакот заслуѕжува подобар договор со оглед на годините.




Однесувањето на Баерн го критикуваше и германската легенда Лотар Матеус кој не може да разбере зошто баварците така се однесуваат кога е тешко да се најде замена за Левандовски.